Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, разговарал во Њујорк со претседателот и со премиерот на Косово, Хашим Тачи и Рамуш Харадинај, околу дијалогот на Белград и Приштина.

Средбата била одржана на маргините од заседанието на Генералното собрание на Обединетите Нации, а тема на разговор била и визната либерализација за косовските граѓани.

Во официјалното соопштение за средбите на претседателот на Европскиот совет, беше најавена само средбата со Тачи, но не и со косовскиот премиер, Харадинај.