Косовската полиција го уапси пратеникот и новинар, Миљаим Зека, поради закани изречени кон обвинителот во Специјалното обвинителство на Косово, Африм Шефкиу.

Зека е упасен по налог на приштинското Основно обвинителство поради изјавите што ги даде како гостин во емисија на телевизијата Т7. Пратеникот на владејачката Иницијатива за Косово, во емисијата изјави дека „ќе ги расчисти сметките“ со специјалниот обвинител, кој води случај против него за измама со визи.

Јас  сум понижен. Јас ќе ја истерам правдата. Никогаш нема да му го простам понижувањето. Бидејќи луѓето сега за мене велат „види го овој крадецот со визите“ – изјави Зека.