Косовскиот претседател и премиер Хашим Тачи и Рамуш Харадинај го осудија нападот врз автобусот со српски верници кои во неделата беа во посета на црква во општината Исток, пренесуваат приштинските медиуми.

Хашим Тачи на својот Фејсбук профил, напиша дека сите граѓани треба да имаат свое право на слободно движење и ги повика надлежните органи напаѓачите да ги изнесат пред лицето на правдата.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај рече дека нападот е неприфатлив и за осуда без разлика на мотивите.

Косово и неговите институции се определени за мир и стабилност и било каков напад на граѓаните е напад на заедничките европски вредности и како таков е штетен за земјата, оценува Харадинај.