Експертите на Светската здравствена организација (СЗО) останале во шок од видот на дијагностичката опрема што ја пронашле во албанските болници. Тие изјавија дека пронашле рендген апарат „кому местото му е во музеј“.

Во нивниот извештај „Примарна здравствена заштита (ПЗЗ) во Албанија: брза проценка“ тие истакнаа дека центрите за ПЗЗ имаат значителен недостаток на опрема за дијагностика и третман и нема стандарден список на опрема.

“Немаше ниту еден електрокардиограф, отоскоп или офталмоскоп во центрите за ПЗЗ посетени за време на мисијата. Еден центар имал функционална рендгенска машина од 1918 година која заслужува место во музеј. Интервјуата го потврдија слабиот пристап на пациентите до лабораториски услуги, особено во рурални области. Дури и за едноставна анализа на крв и урина, пациентите мораат да одат на поликлиники. Освен што луѓето доаѓаат на превентивни прегледи, немало обиди да се соберат примероци од крв на пациенти во центри за ПЗЗ или здравствени пост-амбулантни установи и да ги транспортираат до централизирани лаборатории.

Сепак, застарената опрема, недостаток на квалификувани специјалисти, особено на локално ниво, а ограничениот буџет се голем предизвик за обезбедување правичен пристап во ПЗЗ “, се вели во извештајот.

Инаку, Светска банка оцени дека албанскиот здравствен систем е најнееднаквиот во Европа.