Највисокиот турски суд го отфрли денеска барањето истанбулскиот објект од византиско време Аја Софија повторно да стане џамија. Музехот Аја Софија прво бил црква, па џамија, и сега е музеј.

Судот го одби барањето поднесено од една верска група, образложувајќи дека тоа е одбиено од технички причини, односно поради тоа што барањето било поднесено од страна на здружение, а не поединец.

Поранешната византиска соборна црква била претворена во џамија откако Османлиите го освоиле Истанбул во 1453 година, за потоа, турскиот секуларен основач во 1935 година направил музеј кој привлекува милиони туристи годишно.