На 13. ден од протестите студентите во Албанија го предупредија премиерот Еди Рама дека ќе стапат во штрајк со глад.

Тие го повикаа Рама да ги прифати нивните 8 барања, или ќе стапат во штрајк со глад на универзитетскиот камп. Тие подвлекуваат дека нивниот протест не е политички и оти нема да попуштат се додека Владата не ги исполни нивните услови.

Денес претпладне за време на протестите беше фрлен солзавец пред влезот на Владата, но студентите повикаа на мирен протест и ги повикаа колегите да не фрлаат повеќе солзавец.

Денес имаше тензија пред зградата на канцеларијата на премиерот. Некои од студентите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон и да формираат круг околу канцелариите на Рама, но полицијата ги спречи во тоа.