Ладниот бран стигна и во Грција. На друштвените мрежи се појавија фотографии и видео снимки од летувалиштето Паралија кое е покриено со снег.

Снежни врнежи прогнозирани се и во Солун како и Атина каде заради студениот бран отворен е уште еден центар со греење за бездомници, пренесува грчката агенција АТА.

Омиленото место за одмор на голем број Македонци, прочуената Паралија денеска осамна покриена со снежна покривка.