По состанокот на НАТО за Западен Балкан, генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг предупреди дека не е време Косово да формира војска и можни се последици.

Намерата да се продолжи со трансформација на косовските безбедносни служби во војска не е потег во вистинско време, и е спротивен на советите на НАТО сојузниците и може да има последици врз евроатлантската интеграција на Косово, изјави Столтенберг.