Српскиот Парламент доцна синоќа го усвои Законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Србија и Владата на Северна Македонија за воспоставување заедничка контрола на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Прешево-Табановце.

Министерката за градежништво, транспорт и инфраструктура, Зорана Михајловиќ, во дискусијата кажа дека за конкурентноста и поврзаноста е важно да се воспостават заеднички гранични премини со соседите, со цел да се олесни протокот на стоки и луѓе.

Без разлика колку вложуваме во инфраструктурата, градиме автопати и ја модернизираме железницата, постојат проблем со нефизички бариери, кои не се само прашање на гужви во летниот период, туку се особено присутни во транспортот на стоки, каде што понекогаш се чека и до 10 до 15 часа.

Таа истакна дека ова е главна причина поради која се започнати разговори со соседните земји за да се направат заеднички контроли на граничните премини, со што ќе се олесни преминувањето на границите и меѓународниот патен сообраќај.