Грчката полиција денеска во Солун спречила да дојде до директен судир меѓу групи ученици, односно меѓу тие кои се „за грчка Македонија“ и тие што се против фашизмот и го подржуваат Преспанскиот договор. На раб на инцидент дошло на улиуцата Свети Димитрија кога постоела опасност да се степаат ученици против ученици, но полицијата тоа го спречила. Има информации дека е употребен и солзавец во интервенцијата.

Секако, грчкото опшетство ќе треба да одговори како дојде до тоа учениците да бидат толку многу исполитизирани и одредени ултрадесничарски партии да агитираат по школите.

Денес за време на протестите биле приведени четири ученици на возраст од 15 до 17 години, но по земање искази во полициска станица тие биле пуштени дома. Официјалните извештаи велат дека во протестите биле оштетени и неколку автомобили. Нема информации за повредени или настрадани.

Сојузот на ученичците објави дека протестите ќе продолжат, но сега не се бара окупација на училиштата, односно да се спречи изведување на наставата. Сојузот притоа демантира дека биле организирани од неонаистичката партија Златна зора, иако според истрагата на владејачката Сириза партиски агитатори имало по школите.

„Македонија треба да ја поддржат младите, но училиштата ќе бидат отворени“, велат од Сојузот.