Податоците од Европскиот завод за статистика покажуваат дека Србија секој месец ја напуштаат повеќе од 4.000 лица, а 51.000 годишно, главно млади лица.

Според студијата на фондацијата Фридрих Еберт, младите како причина за напуштање на земјата ги наведуваат економските проблеми, а од неодамна и „песимистичкиот поглед на иднината на српското општество“.

Во Србија, за разлика од останатите држави во регионот, не постојат конкретни превентивни мерки, освен желбата да се формира тим на експерти, кој треба да изготви стратегија и акционен план за спречување на заминувањето на луѓето од земјата, но и за привлекување на оние кои заминале, објави белградска ТВ Н1.