Довербата во единствениот министер од ГЕРБ во кабинетот е поголема од таа кон самиот премиер. Ова го покажува најновата анкета, финансирана и спроведена заеднички од Маркет линкс и БТВ. Таа е спроведена меѓу 1.012 лица во периодот од 11 до 18 август преку директни средби и онлајн анкетирање, пишува софиски „Дневник“.
Довербата во вицепремиерката Марија Габриел е 25%, а недовебата 48 отсто. Премиерот Николај Денков добил доверба од 23 отсто, додека недовербата изнесува 51%.
Претседателот Румен Радев останува политичар со најголема довеба, со поддршка од 41% од анкетираните. Тој има зголемување од два процентни поени во споредба со последното истражување на Маркет линкс спроведено во јули.
На четвртото место според довербата на граѓаните е лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, со 20 отсто. Зад него следуваат министерот за финансии Асен Василев со 17, копретседателот на Подолжуваме со промената-Демократска Бугарија, Кирил Петков со 16, и лидерот на Перодба, Костадин Костадинов, исто така со 16%.
Довербата во Владата изнесува 20%. Споед социологот од Маркет линкс, Добромир Живков, тоа не е висок рејтинг, но го одразува расположението на граѓаните за пвите месеци од нејзината работа. Недоверба кон власта изразиле 52% од анкетираните.
Обвинителството е со исклучително ниска доверба од едвај 9%. Парламентот исто така не може да се пофали со висок рејтинг, зашто само 11% од анкетираните имале поддршка во него.
Анкетата е спроведена пред претстојните локални избори во Бугарија.
Comments are closed for this post.