Зоран Башановиќ, кој во Македонија е познат како советник на премиерот Зоран Заев за економски прашања ја продаде телевизијата во „Наша Балкан тв“ во Србија. Како што објавува „N1„ сите емисии на телевизијата се укинати и се емитува репризна програма.

Неофицијално телевизијата е во големи долгови а згора на тоа има и ниска гледаност. „Телевизија Наша“ се емитува и на неколку кабелски оператори во Македонија.

Оваа телевизијата беше опозицииски настроена, особено го нарушените односи помеѓу сопственикот Башановиќ и претседателот на Србија Александар Вучиќ кои се поранешни кумови.