Во петок грчкиот парламент ќе го потпише Протоколот на НАТО за пристапување на Македонија во нејзиното членство, а тоа значи дека процесот поврзан со Преспанскиот договор е незапирлив, пишува денешна „Ефимерида“.

Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, и покрај реакциите, е незапирлив. Протоколот ќе се изгласа в петок иако се очекува жестока дебата“, констатира весникот.

Пристапниот протокол утре ќе биде разгледан во парламентарните комисии за надворешна политика и за одбрана, а потоа процесот ќе продолжи со пленарна седница во петок, а попладнето се очекува финалното гласање.

Премиерот Акексис Ципрас до сега одлично ги влечеше конците и на сцената и зад сцената, го има обезбедено потребното мнозинство од 151 пратеник.

Северна Македонија сега ќе биде новата реалност за Грција, која ќе има многу малку можности за да ги исправи своите слаби точки“, смета весникот.

Но, како едно од оружјата што и стојат на располагање е правото на вето, кое може да го употреби при пристапните преговори за во ЕУ. Весникот исто како што вчера објави Пресинг ТВ, повикувајќи се на изјава од Советот за безбедност, констатира дека нема можност за „руско вето“, а не се очекува да има проблеми ни при ратификацијата на Протоколот во националните парламенти на членките на Алијансата.