Грција воведе нова мерка за заштита од короната. Во текот на туристичката сезона сите автомобили кои ќе пристигнат на граничните премини не смеат да имаат по повеќе од двајца патници. Деца не влегуваат во оваа бројка. Но, неколкумина пријатели нема да можат заедно да патуваат на море.

Ограничувања има и за автобусите. Капацитетот треба да биде на половина и патниците ќе седат преку едно седиште. Клима уред ќе биде забранет и ќе може да се отвораат само прозори.