Австриската полиција отвори истрага за убиството на пет лица во скијачкиот центар Кикбил.

Портпарол на полицијата во Тирол изјави дека убиствата се случиле синоќа а осомничениот сторител е приведен во притвор, пренесува АПА.

Осврнувајќи се на полициските информации, локалните медиуми објавија дека сторителот бил 25-годишен млад човек, кој влегол во куќата на својата поранешна девојка и почнал на пука.

Меѓу жртвите се неговата поранешна девојка и нејзиното ново момче, како и нејзините родители и брат.

Сторителот подоцна се предал на полицијата и признал за убиствата, јавуваат медиумите.