Централаната изборна комисија (ЦИК) на Косово, на својата втора прес конференција денеска, објави дека, според информациите од повеќе од 99 отсто од гласачките места, на вонредните парламентарни избори своето право на глас до 15 часот го искористиле 561.874 лица, односно 29,23 отсто од регистираните гласачи, јави дописникот на МИА од Приштина.

Претседателката на КИЦ Ваљдете Дака на прес-конференција изјави дека во истото време на претходните избори, во 2017, имало речиси 65 илјади гласови помалку, односно гласале 497.120 лица, или 27,75 отсто од гласачите.

Дака ја потврди оценката изнесена на претходната прес-конференција, одржана во 13 часот, дека изборниот процес до сега тече без поголеми проблеми.