Ненад Чанак, еден од најконтроверзните политичари во Србија Лидерот на Лигата на социјалдемократите во Војводина пред неколку дена беше во Скопје и имаше средба со премиерот Зоран Заев. Од таа средба немаше речиси никакви информации и за што се разоварало.

Чанак е жесток противник на претседателот Александар Вучиќ со кого го направија „Мини шенгенот“ или по ново „Отворениот Балкан“.

Чанак вчера ја вжести српската јавност со изјавите дека Косово не е Србија, и посебно со тврдењето дека Србија не граничи со Хрватска туку неговата Војводина.

Со Хрватска не гледам каде е проблемот.Можеме да имаме одлични односи бидејќи Хрватска не граничи со Србија туку со автономната покраина Војводина-рече Чанак.