Директорот на Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Србија, доктор Марко Ерцеговац, соопшти дека околу една третина од здравствените работници во таа институција се заразени со корона вирус, но дека повеќето имаат полесна клиничка слика.

Ако продолжи ова темпо, нема да има доволно време да се вратат оние што закрепнале – истакна Ерцеговац.

Директорот на Ургентниот центар наведува дека вработените постојано ги надминуваат границите на издржливост.

Тие постојано ги надминуваат границите на толеранција, тој ентузијазам да им се помогне на граѓаните понекогаш е таков што го забораваат својот умор … Никој не е ист како пред короната, но мора да издржиме – нагласи Ерцеговац.

Тој информира дека дневно се прегледуваат околу 700 пациенти, а се примаат меѓу 10 и 15 проценти, а тоа се главно итни случаи.