Режисерот Дарко Митревски во емисијата „Заспиј ако можеш“ се присети на средбата со Лазар Колишевски пред дваесеттина години на која го прашал за тоа зошто по Втората светска војна настанал конфликтот меѓу Тито и Сталин.

Режисерот на филмот „Трето полувреме“ вели дека остана зачуден кога Колишевски му објаснил дека конфликтот бил поради Македонија и оти нашата земја во обединети граници требало да биде центар на идната балканска федерација.

Македонија беше дел од тајните договори меѓу Тито, Ѓорги Димитров и Никос Захаријадис како јадро околу кое ќе треба да се обедини идната балканска федерација.Обединета Македонија требаше да биде требаше да биде републиката околу која ние ќе се споиме.Јас, Тито и Ѓорги Димитров имавме состаноци без знаење на Москва.Димитров знаеше дека од Сталин ништо добро не го чека и сакаше да ја отргне Бугарија од руското влијание. Јас со Ѓорги Димитров си пружив рака Пиринска Македонија да влезе во составот на тогашна Народна Република Македонија како залог за заедничката иднина-ги цитира Митревски зборовите на Лазар Колишевски, некогашната десна рака на Тито.