Седницата на косовското Собрание на кое ќе се гласа за формирање на војската на Косово, почна со едноминутен молк во знак на почит за, како што рече парламентарниот спикер, Кадри Весели, сите поколенија кои во различни околности, ги жртвувале своите животи за овој ден.

Да ги испочитуваме борците на големите востанија на Косово во разни периоди. Да ги испочитуваме генерациите на политички затвореници, студентите од студентските движења, интелектуалците и рударите на Косово. Да ги испочитуваме нашите сонародници секаде низ светот, политичките дејци на мировниот отпор, момчињата и девојките на Ослободителната војска на Косово. Ние денеска стоиме тука благодарение на таа натчовечка жртва, горди на минатото и сигурни во нашата евроатлантска иднина – изјави Весели.

Во Собранието во тек е гласањето за амандманите на трите закони со кои се формира војската на Косово.

Во собраниската сала има 107 од вкупно 120 пратеници и сите гласаат „за”, така што се очекува набргу да биде заокружена законската процедура за формирање на војската.