Доколку сега биде спроведен референдум за присоединување на Србија кон НАТО, 68% од граѓаните на државата би гласале „против“, 11 отсто би биле „за“, а 21 процент воопшто не би излегле на гласањето.

Ова го покажуваат податоците од анкетата на Центарот за слободна електроника и демократија и на Центарот за евроатлантски истражувања, насловена како „Евроатлантската интеграција и Дијалог меѓу Белград и Приштина“, пишува електронското издание на European Western Balkans.

Како основна причина за спротивставувањето, граѓаните на Србија го посочуваат бомбардирањето на државата од страна на Алијансата во 1999 година (47%), додека испитаниците, кои на потенцијалниот референдум би се изјасниле дека би гласале за влез во Алијансата, на прво место ја ставаат безбедноста на државата (58%).

Во коментарот за резултатите, директорот на Центарот за евроатлантски истражувања изјавил дека 11-те проценти се стабилен показател, кој не се намалил, наспроти долгогодишната антикампања во српските медиуми.