САД почнале да воведуваат мерки против Косово, заради одбивањето да ги укинат таксите на производите од Србија и БиХ, меѓу кои и неиздавање на виза на премиерот Рамуш Харадинај, кој требаше да присуствува на молитвен појадок во Вашингтон, како и откажувањето на посетата на американскиот армиски генерал Тимоти Ора на Косово, пренесува Коха Диторе.

Мерките би можело да бидат зајакнати доколку Косово продолжи со противењето и дека тоа најмногу би се рефлектирало на процесот на транзиција на Косовските безбедносни сили.

Од друга страна, како што пренесуваат приштинските медиуми, премиерот Харадинај изјавил дека не добил официјална информација за откажувањето на посетата на Косово на генералот Ора.

Официјални лица од Косовските безбедносни сили изјавија дека се иизвестени за откажувањето на посетата на Ора заради незадоволството околу одлуката за воведување такси на производите од Србија и Бих.

Командантот на КБС Рахман Рама за ова го известил претседателот на Косово Хашим Тачи преку писмо во кое наведува и дека Вашингтон разгледува други мерки, вклучувајќи суспрендирање на обуките и едукативните програми за КБС.