Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, зголемувањето на цените на зеленчукот и овошјето во последно време го нарече „прехранбен тероризам“ и вети пазарна контрола, пренесува „Хуриет дејли њуз“. Изданието посочува дека Ердоган му објавил војна на ценовниот тероризам.

Последниве денови тие почнаа да си поигруваат со Турција. Цените на доматите, компирите и краставиците почнаа да растат. Тоа беше терористички напад, изјави Ердоган на церемонијата во Анкара за најава на реализација на повеќе проекти во земјата.

Борбата на својата влада против зголемувањето на цените на прехранбените производи, претседателот ја поистовети со борбата против тероризмот. Ердоган поскапувањата ги имнуваше како „игри преземени против Турција“.

Ние нема да дозволиме да се спроведе таков терор, изјави тој.

Владата почна со продажба на овошје и зеленчук по пониски цени директно од општините кон потрошувачите во обид да ги зауздаат цените на прехранбените производи. Уште првиот ден биле создадени огромни редици во Истанбул и Анкара.