Српскиот Кризен штаб за борба против коронавирусот одлучи дека нема да има ублажување на анти-ковид мерките, односно угостителските објекти остануваат затворени.
Дополнително, на седницата е одлучено сите граѓани на Србија кои се целосно имунизирани да можат да влезат во Србија без ПЦР тест и без карантин. Истото важи и за оние кои не се државјани на Србија, но биле вакцинирани со вакцини од Република Србија.
Ова значи дека тие примиле две дози вакцина Пфајзер, две дози кинески Синофарм или две дози руска вакцина Спутник Ве. Кога станува збор за вакцината Астра Зенека, еквивалентно е една доза вакцина, соопштиле од Кризниот штаб.
Comments are closed for this post.