Во последните 24 часа во Бугарија се регистрирани нови 2.243 новозаболени и 42 починати лица од Ковид-19, што претставува црн рекорд од почетокот на пандемијата.

Притоа, направени се 7.659 тестови.

Моментно, во Бугарија се евидентирани 40.132 случаи на корона вирусот од кои 20.346 се активни. Излекувани се 18.650 лица од кои 296 се регистрирани во последните 24 часа.