Премиерот на Албанија Еди Рама ја нарече опозицијата „хроничен губитник” и дека локалните избори на 30 јуни „ниту ќе се пролонгираат ниту ќе се спречи нивното одржување”.
Ова следуваше како оговор на опозицијата, која денеска го потпиша договорот со кој опозициската коалиција е против избори се додека Рама е премиер и дека нема да преговара се до неговото заминување од Владата.
Премиерот на Албанија на својот твитер профил напиша:
„По откажувањето од мандатите, коалицијата против изборите е уште една форма на политичко самоубиство! Хроничните губитници се заложници на нивниот очај, но Албанија не може да ја земат во заложништво. Изборите нема да бидат спречени, ниту одложени. На 30 јуни граѓаните ќе зборуваат со гласови во секоја општина“, напиша Рама.
Реагираше и владината портпаролка и министер за односи со Парламентот, Елса Спиропали која оцени дека формирањето на опозициската коалиција е „потврда на распадот на историската партија, демократската”.
„Само Љуљзим Баша може да создаде коалиција на партии за изборно неучество и да ја придружува оваа глупост со херојска насмевка. Тоа е академско и практично сведоштво за тоа како историската партија може да биде уништена од страв и недостиг на политичка храброст“, рече Спиропали.
Comments are closed for this post.