Властите во Приштина отпочнаа акција „Челичен прстен“, која подразбира блокада на патните правци, како и контрола на возилата и лица, а полиција е распоредена и на сите алтернативни патишта, пренесуваат белградските медиуми.

Телеграф пренесува дека Косовските полициски сили повлекле дел од пограничните единици на премините кон Македонија и Албанија и дека тие припадници се распоредени на северот на Косово.

Тие, наводно, ќе имат само една задача, а тоа е блокада на алтернативните патишта кои водат од централна Србија кон северот на Косово.

Порталот наведува дека акцијата се поврзува, дури и со тајните списоци за „влијателни Срби“, против кои се подготвуваат обвиненија.

Неименуван извор за „Ало“ наведува дека косовската полиција го применува оперативниот план „челичен прстен“ со цел заплашување на Србите, кој подразбира блокада на патните правци по кои граѓаните се движат, како и контрола на воизила и лица.