Голем скандал се случи на изборите во Врање. Таму во неделата покрај парламентарните избори се одржаа и локални. Група на Роми за кои постојат сомнежи дека биле потплатени од владејачката СНС да гласаат за нивниот кандидат на локалните избори.

Но, тие се збуниле и гласале за бројот 4 на ливчето наменето за парламентарните избори. Таму се наоѓал кандидатот од партијата на Унгарците.

Работата е во тоа што во Врање има само шестмна гласачи со унгарско потекло. Тоа им станало сомнително кога се броеле гласовите па затоа владејачката партија поднела приговор кој бил прифатен.

Следната недела на три места во Врање и околината ќе се повтори гласањето.