Миноловец на грчката воена флота и товарен брода под португалско знаме се судрија утринава пред пристаништето во Пиреа, соопштуваат грчките медиуми. Двајца воени морнари се повредени.
Се уште не се познати причините поради кои дошло до судир меѓу миноловецот „Калисто“ и товарниот брод “Maersk Launceston”.
Од грчката крајбрежна стража соопштија дека целиот 27-член екипаж на воениот брод се евакуирани од тешкооштетениот брод. Двајцата повредени морнари се пренесени во болница, а останатите на друг воен брод.
Педессетиседум метарскиот „Калисто“ од воената база во Саламина почнал брзо да се полни со вода, откако од страна на товарниот брод бил удрен во делот на крмата. Инцидентот се случил околу 7,30 часот утринава.
Во тек е повлекување на грчкиот воен брод на побезбедно место и истрагата за причините за инцидентот.
Comments are closed for this post.