Досегашниот претседател на грчката Влада, Алексис Ципрас денеска во премиерската палата официјално му ја предаде функцијата на идниот премиер на Грција, Кирјакос Мицотакис.

Претходно, Мицотакис положи свечена заклета во претседателската палата во присуство на потесниот круг од семејството и пред шефот на државата Прокопис Павлопулос. Тој во присуство на свештеници од грчката црква и со раката ставена на Светото писмо се заколна дека чесно и посветено ќе ја извршува функцијата.