Австрискиот канцелар Себастијан Курц беше меѓу првите што му честиташе на новиот грчки премиер Кирјакос Мицотакис. Тој на Твитер напиша дека ова е чиста победа што му дава за право да ја имплементира својата изборна програма.

И турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган  го честиташе изборот на Мицотакис.

Според грчките медиуми, Ердоган му честитал и му посакал успех на Мицотакис во водењето на земјата, а лидерот на Нова демократија и нов премиер на Грција му се заблагодарил и рекол дека очекува одново отпочнување билатерални односи врз основа на почитување на меѓународното право и со дијалог во корист на двата народи.

Од лидерите во регионот досега со честитка се јави единствено претседателот на Србија, Александар Вучиќ.