Седат Пекер е водачот на турската мафија. Има 49 години и е носител на македонски пасош како Џадин Ахмедовски. Тој само некоолку дена откако беше протеран на Косово се вратил во Македонија и во полициската станица во Драчево, се фотографирал и поднел барање за лична карта и пасош.

За време на престојот во Скопје отседнал во  мал хотел во Петровец и веројатно имал средби со наши политичари и криминалци.

Седат Пекер веќе десетина години е водач на турската мафија, приврзаник на Абдула Ѓуулен и жесток противник на претседателот Ердоган.

На 12 мај 2005 година бил уапсен за време на операцијата „Пеперутка“ во Турција. На 31 јануари 2007 година бил прогласен за виновен за градење и водење на криминална организација, грабеж, фалсификат и осуден на 14 години и 5 месеци затвор.

Пекер е обвинет и дел е од аферата за соборување на Ердоган, за што е осуден на 10-годишна затворска казна.

Интересно е што по него е снимена турската хит серија „Долина на волците“ која беше популарна и кај нас.