Поглаварот на Албанската православна црква, архиепископот Анастасиос, ќе биде пренесен во атинска болница откако му биле констатирани благи симптоми на коронавирусот, соопштија од албанската Архиепископија, јави дописничката на МИА од Атина.

Додаваат дека било оценето дека 91-годишниот архиепископ треба да биде пренесен во болница во Атина за соодветна медицинска нега.

Според информациите на грчката новинска агенција АНА-МПА, поглаварот на Албанската православна црква, се тестирал за Ковид-19, а по позитивениот резултат, ќе биде префрлен во Атина со авион C-130 на грчкото воено воздухопловство.

АНА-МПА пишува дека бил информиран и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис кој одобри воениот авион да замине за Тирана.