Карла дел Понте, главната обвинителка испратила писмо до српската влада во 2001 година, што предизвика фатална спирала на настани и на крајот доведе до атентат на премиерот Зоран Ѓинѓиќ,дознава „Република.рс“.

Дел Понте го испратила писмото на 19 октомври 2001 година, а во него имало список со најмалку 112 имиња  на водечки луѓе и борци од Единицата за специјални операции (ЈСО), попознати како „Црвените беретки“. Беше побарано да се истражи сè за нивните (не) дела и да бидат уапсени што е можно повеќе од нив.

Обвинителот го испратил списокот до Душан Михајловиќ, тогашниот министер за полиција, но тој, се разбира, веднаш стигнал до премиерот Ѓинѓиќ. Според луѓе кои тогаш биле во обезбедувањето на подоцнежниот убиен премиер, некој подоцна го видел овој список на неговото биро и ги известил „беретките“. Затоа веќе на 12 ноември избувна побуната на ЈСО.

Буквално се барале информации за Ѕвездан Јовановиќ кој подоцна и навистина пукаше во премиерот и за  Милорад Улемек Легија кој беше обвинет за организтор на атентатот.