Дејан Лазаревиќ е еден од најпознатите српски адвокати. Тој му беше бранител на Дарко Шариќ но беше уапсен заедно со него.Го нарекуваат „адвокатот на ѓаволот“ бидејќи брани исклучиво криминалци и соработува со нив. Негов клиент е и Радоје Звицер.

Години наназад се шпекулираше дека 61 годишниот Лазаревиќ е повеќе од aдвокат. Тој е „консилер“ односно советник на клучните луѓе во пирамидата за сомнителен организиран криминал,  и дека е задолжен за одржување на комуникација меѓу луѓето на различни нивоа во таа пирамида.

Најновите информации говорат дека полицијата го запленила сефот од неговиот дом и оти адвокатот тоа тешко го примил во затворот.