Врските меѓу шефот на нарко кланот Дарко Шариќ и црногорскиот кавачки клан со кој раководи Радоје Звицер се многу силни.

Освен што ги застапува истиот адвокат Дејан Лазаревиќ, кој сега е уапсен со Шариќ, овие две криминални групи ги поврзува минатото и меѓусебната соработка додека Шариќ беше главниот наркобос на Балканот.

Миша Радуловиќ, попознат како Миша Банана, еден од најблиските соработници на Шариќ, но и Драган Дудиќ Фриц до 2010 година беа главната врска на которските морнари кои работеле со кокаин и Дарко Шариќ.

По операцијата Балкански воин во 2009 година и бегството на Шариќ и Радуловиќ во 2010 година, но и убиството на Дудиќ во мај истата година, нарко пазарот остана празен, кој го искористија соработниците на Шариќ од Котор и го презедоа шверцот со кокаинот.

Истоа така, Дарко Шариќ и неговата група биле меѓу првите кои го поддржале „кавачкиот клан“, особено ако се земе предвид дека по бегството на Шариќ, групата на Шариќ била цел на Јовица Вукотиќ.