Коалицискиот партнер во владата на Ципрас, лидерот на Независни Грци и министер за одбрана Панос Каменос по средбата со грчкиот премиер денеска изјави дека ја напушта владата, јави МИА.

Ципрас и Каменос требаше да се договорат околу имплементацијата на Договорот од Преспа во грчкиот парламент.

Се очекува прес-конеренција на која Каменос ќе ги образложи причините.