Грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе побара гласање за доверба на владата во грчкиот парламент по денешната одлука на Панос Каменос и неговите „Независни Грци“ да се повлечат од Владата.

Поради непремостливост на разликите околу националното прашање за Македонија,лидерот на коалицискиот партнер во Владата нa Ципрас ,  Каменос  ја напушти коалицијата.

Се сретнав со премиерот, имавме долга дискусија, имаше соработка во траење од четири години во владата на национално единство ,две партии од различни области се собраа и успеаја да ја одвлечат Грција од меморандумите и целта беше постигната , рече на прес конференција Каменос.

“Прашањето за Македонија, е прашање за кое илјадници беа убиени, и тоа не дозволува јас да не го жртвувам местото во Владата. Му се заблагодарив на премиерот за нашата соработка и му објаснив дека поради националното прашање оваа соработка не може да продолжи. АНЕЛ се повлекува од Владата”, изјави денеска Каменос.