Претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани во изјава за еуроактив.хр тврди дека со изјавата за италијанска Истра и италијанска Далмација немал намера да ги навреди хрватите. Според Тајани тие изјави требало да донесат порака на мир и да бидат доказ за тоа дека благодарение на Европа Италијаните, Хрватите и Словенците можат да живеат во мир заедно без граници и пречки.

Некој моите зборови ги протолкува како обид за територијален реваншизам. Тоа апсолутно не беше моја намера. Само се присетив на големиот број жртви, бидејќи сум Италијанец кои останале надвор од мојата држава низ светот по Втората светска војна. Не сакав со тоа да ги навредам ниту Хрватите ниту Словенците ниту било кој друг. Знам дека немаше жртви само на италијанска туку и на словенечка и хрватска страна. Жал ми е, вели Тајани, кој изјави дека намерата му ја објаснил и на хрватскиот премиер Пленковиќ.