Српскиот претседател Вучиќ требало да биде убиен на 5 или 6 февруари на кружниот тек Топчидерска звезда  во Белград, потврдила истрагата.  Планот бил колоната автомобили пресече во моментот кога минува низ кружниот тек.Во тој момент камион кој требало да се наоѓа во близина да ја подигне церадата и со снајпер „Браунинг“ да пука во возилото на Вучиќ.

Токму вакво оружје било пронајдено во куќата на Веља невоља во Ритопек. На него требало да се пука со антипанцир куршуми со калибар 12,7.

Имале и спремен атентатор кој требало веднаш да избега со автомобил искористувајќи ја гужвата која би се направило.

Во декриптираните пораки кои се  пронајдени  кај Веља и екипата стоело „Акција во петок или сабота“, и „Акција со камион“