ОБСЕ/ОДИХР вчера го објави конечниот извештај за локалните избори спроведени во Албанија на 30 јуни годинава во кој на 34 страници детално се искажани многу сериозни забелешки за целиот изборен процес.

Набљудувачката мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, која ја предводеше искусната британска дипломатка, Одри Гловер, која водеше набљудувачка мисија и во Македонија за референдумот, истакнува дека локалните избори се спровеле во услови на политичка риза и оти тоа негативно се одразило на правото на глас и притоа се истакнува нарушеното право на тајност при гласањето на некои гласачки места

Локалните избори на 30 јуни не беа целосно спроведени во интерес на избирачите. Опозицијата реши да не учествува на нив, а владата одлучи да ги спроведе без нив. Во услови на политичка клима на конфликтност и поларизација гласачите немаа разумен избор меѓу политиките опции. Во 31 општина од вкупно 61 во трката за градоначалник немаше противкандидат. Има потврдени обвинувања дека граѓаните беа под притисок и од двете страни“, се истакнува во извештајот.

Во делот за медиумите е наведено дека и покрај нивната различност, сепак, тие зависат од нивната  наклонетост кон некоја политичка опција или кон бизнис интересите на нивните сопственици.

Во однос на ТВ медиумите, се истакнува праксата на владејачката Социјалистилка партија на премиерот Еди Рама кои не дозволувале медиумско присуство на нивните митинзи, тукуммеиумските кучи ги обезбедувале со нивен снимен материјал заради што медиумите не можеле да бидат објективни.