Турција не ја добива поддршката која и треба за справување со проблемот на бегалците од Сирија, особено од Европската унија, порача денес турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган. Притоа тој истакна дека е можно заради тоа да ги отвори вратите за бегалците.

Можеме да ги пуштиме низ Европа за да ја добиеме поддршката“, порача Ердоган.

Турција, како што објави агенцијата Анадолија, веќе подолго време се жали дека ЕУ не се држи до финансиска поддршка договорена во 2016 година за да го запре бегалскиот бран.

Ердоган додаде дека планот на Турција е да вдоми еден милион Сиријци, кои ги презеде уште од 2011 година и оти планира формирање безбедносна зона на ту8рската граница со Сирија.

Во моментов Турција е домаќин на 3,6 милиони сириски бегалци, повеќе од која било друга земја, но исто така доброволно им помага на Сиријците за повторно да се населат  во зони креирани од турската војска како безбедносни.

Турција притоа јасно става до знаење дека за „формирање на безбедносната зона е неопходно чистење на зоната од терористите на ПКК/ИПГ.

Безбедносната зона би се формирал до крајот на септември во северна Сирија, источно од реката Еуфрат.