Сериозни критики за изборниот процес и за денот на гласањето изнесе денес шефицата на посматрачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР со констатација дека единство добра работа е што гласањето поминало мирно.

Амбасадроката Одри Гловер од Велика Британија на денешната прес-конференција ги изнесе своите забелешки на изборниот процес кој е сериозен удар за демократските капацитети на земјата.

„Изборите беа спроведени во многу поделена политичка ситуација, а во 31 од 61 општина имаше кандидат за градоначалник само од една партија (Социјалистичката партија). Има потврдени информации дека граѓаните биле под притисок од двете страни. Политичката конфронтација доведе до правна несигурност и многу одлуки на изборната администрација беа донесени со политичка цел за да можат изборите да се спроведат“, изјави Гловер.

Таа додаде дека гласањето генерално беше спроведено на задоволителен начин,а целосно позитивен беше и процесот на пребројување на гласовите, иако неколку процедури не беа спроведени на коректен начин.

Клучната порака на ОБСЕ/ОДИХР, која секако е сериозен удар за владата на премиерот Еди Рама е следната:„Видовме дека гласачите се под притисок. Имаше случаи кога на избирачите не им беше дозволено да гласаат слободно“.

Гловер додека дека и медиумите не се слободни, а кога известувале за изборните прашања тие се фокусирале на политичката криза.