Десетина новинари од Бугарското национално радио (БНР) денес маршираа во знак на поддршка за слободата на медиумите откако на нивна колешка почна да и се суди заради тоа што пишувала за скандал во судскиот систем.

Случајот беше жестоко критикуван од борците за човекови права и на бугарската секција на Европската новинарска унија, кои случајот го нарекоа „удар врз новинарската професија“.

Бугарија е последна на листа на членките од ЕУ според медиумските слободи.

Станува збор за случајот со новинарката Силвија Великова, познат радио репортер, чија програма за вести Хоризонт вчера била прекината. Случајот предизвика голем гнев кај дел од вработените и кај јавноста.

Јавниот обвнител Сотир Цацаров нареди истрага за да се утврди зошто програмата Хоризонт вчера била прекината во период од 06 до 11 часот.