Бивш министер за внатрешни работи остварил средба во Ќустендил со бивш локален функционер и „едно хопспитализирано лице“, на која тројцата договарале како да привлечат 15.000 Македонци со бугарско државјаство, кои би гласале во Бугарија. Ова го изјавил техничкиот министер за внатрешни работи, Бојко Рашков, пишува електронското издание на весникот „Сега“.

Од државното обвинителство соопштија дека обвинителството во Ќустендил формирало предмет врз основа на извештај на полициски службеник за „добиена информација за подготбување за евентуално купување гласови“. Во извештајот се изнесуваат тврдења дека на 29 јуни 2021 година во хотелски комплекс во Ќустендил, „две лица со двојно државјанство (на РСМакедонија и Р Бугарија), со се уште неутврден идентитет, оствериле средба со трето лице, жител на Ќустендил, со се уште неутврден идентитет, на која тема на разговор биле претстојните парламентарни избори, велат од обвинителството.

Обвинителството има рок од 48 часа за да обезбеди докази за изнесените наводи во полицискиот извештај.

Бившиот министер за внатрешни работи, Христо Терзијски, кој е од Ќустендил и е кандидат за пратеник на коалицијата ГЕРБ-СДС, тврдењата на Рашков за македонските гласови ги квалификуваше како клеветнички.