Хрватска повторно е погодена од нов земјотрес. Утрово тој беше со јачина од 4.7 степени по Рихтер со епицентар во Петриње.

Речиси никој во таа општина не спие во своите домови кои се разрушени повеќе или помалку.Градоначалникот вели дека постојано плаче и оти вакво нешто не доживеал.

Сеизмолозите предвидуваат нови потреси бидејќи тлото на земјата е разнишано и додека се стабилизира ќе има уште неколку.