Улиците на Петриња денеска се расчистени, иако урнатите куќи се сè уште таму. Во меѓувреме, електричната енергија се врати во градот, а божиќните украси блеснаа во централниот градски парк.

Иако никој не сака да слави во овој момент, контрастот помеѓу разурнатиот град и уредениот парк ја враќа надежта за некои од следните, посреќни Божиќни и новогодишни празници, објави хрватски Индекс.