Pressing TV
  • Македонија
  • Економија
  • Хроника
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Колумни
понеделник, 25 мај 2026
  • facebook
  • twitter
  • youtube
  • Македонија
  • Економија
  • Хроника
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Колумни

Aтина горешем Олимпијакос по 13 години ја освои титулата во Евролигата (ВИДЕО)

25.05.2026 / 12:24
Share this...
Share on Facebook
Facebook
Pin on Pinterest
Pinterest
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin

Aтина горешем Олимпијакос по 13 години ја освои титулата во Евролигата (ВИДЕО)

 Во текот на целата ноќ, се до раните утрински часови во атинското предградие Пиреас, но и во другите грчки градови се славеше четвртата европска титула на Олимпијакос, јави дописничката на МИА од Атина.

Навивачите на Олимпијакос, традиционално се собраа пред општинскиот театар во Пиреас, каде што беше поставена и сцена, ги пречекаа и поздравија играчите и заедно ја славеа победата над Реал Мадрид во Евролигата, прослава што заврши по 5 часот утрово.

Населбата на грчкиот тим беше обоена во црвено, во боите на Олимпијакос, а екипата стигна со отворен автобус, со пехарот што по 13 години се врати во Пиреас, по финале што се одигра во Атина, во салата на вечниот ривал Панатинаикос што не успеа да обезбеди место во Фајналфорот.

Со огномет, пиротехника и песната „Ние сме шампиони“, кошаркарите беа топло пречекани и поздравени од илјадниците навивачи што неколку часа трпеливо ги чекаа и славеа.

– Олимпијакос значи да е 5 часот наутро, а ти сè уште да си тука и да навиваш со сета сила на душата. Тоа е Олимпијакос, им порача на навивачите капитенот на Олимпијакос Костас Папаниколау.

Честитки до Олимпијакос за четвртата европска титула, веднаш по завршувањето на натпреварот упатија грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, претседателот на земјата Константинос Тасулас, како и лидерите на сите политички партии, но и министрите од Владата.

Мицотакис на Икс напиша дека „врвот на Евролигата се обои во црвено-бела боја“, му честиташе на Олимпијакос за големиот успех и упати пофалба до сите оние што придонесоа „за одличната организација на Фајналфорот во Грција“.

Тасулас порача дека напорната работа, посветеноста и вербата во целта уште еднаш ја искачија грчката кошарка, но и грчкиот спорт, на врвот на Европа, правејќи ги горди сите Грци и Гркинки.

Во финалниот натпревар од Евролигата Олимпијакос со 92:85 го совлада Реал Мадрид и стигна до четвртата титула, по пауза од 13 години, откако во финалето во 2013 година во Лондон ја освои и последната титула европски првак.

Share this...
Share on Facebook
Facebook
Pin on Pinterest
Pinterest
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin

Categories: Спорт Ознаки: топ, видео, Олимпијакос

Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Најнови вести

Спорт

Газдата на ПАО: Ова да ни се случеше нам ќе нѐ исфрлеа од Евролигата доживотно

пред 7 мин.
Регион

Брнабиќ: Србите и Русите не се браќа

пред 34 мин.
Регион

Возачот виновен што трамвајот во Белград излета од шините (ВИДЕО)

пред 36 мин.
Спорт

Aтина горешем Олимпијакос по 13 години ја освои титулата во Евролигата (ВИДЕО)

пред 1 час
Македонија

Филипче преку Рубин Земон e во директна соработка со Виктор Стојанов

пред 1 час
Спорт

Газдата на ПАО: Ова да ни се случеше нам ќе нѐ исфрлеа од Евролигата доживотно

пред 7 мин.
Спорт

Пионерите на ФК Македонија Ѓорче Петров повторно шампиони на Македонија – генерацијата 2009 атакува и на двојна круна

пред 14 часа
Спорт

Oхрид денеска во Унгарија игра за историја

пред 1 ден
Спорт

Утре почнува Ролан Гарос, Ноле игра на стартот

пред 2 дена
Спорт

„Боже чувај го Вардар и Македонија“-порачаа Комитите (ФОТО)

пред 2 дена
Спорт

Фото галерија од прославата на титулата на ФК Вардар

пред 2 дена
Спорт

Ако Светското првенство во Италија 1990 беше Холивуд (ВИДЕО)

пред 3 дена
Спорт

Ракометарите на Вардар не сакаат да слават заедно со фудбалерите

пред 6 дена
Спорт

СДСМ спортска бараат оставки од приватен клуб

пред 6 дена
Спорт

„Специјалниот“ доаѓа во специјален клуб

пред 7 дена
Pressing TV
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Важни информации за корисниците
  • Контакт

© 2018 Pressing TV

Jojobet GirişmeritbetjojobetKavbet girişcasibomJojobet GirişcasibomjojobetjojobetjojobetMadridbetMadridbetcasibom girişbetturkey girişCasibom Girişhttps://www.hoteltarobafoz.com.br/casibomholiganbet girişholiganbet girişinterbahisMarsbahis GüncelMarsbahis Güncel GirişHoliganbet GirişHoliganbet Güncel GirişMarsbahis GirişMarsbahis Güncel Giriş