Претседателот на српскиот парламент на конференцијата GLOBSEC во Прага изјави дека односите меѓу Србија и Русија не се братски, додавајќи дека санкциите под кои беше подложена Југославија во 1990-тите биле единствената причина зошто Белград не вовел казнени мерки против Москва. Брнабиќ нагласи дека Србија е „целосно усогласена“ со Европската Унија во однос на вредностите и ја отфрли тезата дека владата на Александар Вучиќ одржува братски односи со Кремљ. –

Не би рекла баш дека тоа се братски односи. Нашиот претседател Вучиќ комуницира со претседателот Путин, но лидерите на некои земји-членки на ЕУ комуницираат и со неговата администрација. Словачкиот премиер Роберт Фицо беше и оваа година во Москва. Вучиќ беше таму за големата, 80-годишнина, но не отиде оваа година, рече Брнабиќ.